Наутро постудено со услови за појава на магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степени.

Ќе продолжи периодот на претежно сончево време но со постудени утра, а минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Дневната температура ќе достигнува најмногу до 20 степени, информираат од УХМР.
OhridNews











