Времето денес во утринските часови со зголемена облачност, во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието, каде на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе се движи од 22 до 29 степени. УВ индексот ќе изнесува шест.
Времето денес во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе биде околу 15, а максималната ќе достигне 25 степени.
Од УХМР најавуваат дека утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во југоисточните делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Во понеделник претпладне се уште ќе има локален дожд, а потоа времето ќе биде претежно стабилно со постепен пораст на дневната температура.
OhridNews