Португалскиот фудбалски ас Кристијано Роналдо пред пет години го напушти Олд Трафорд и замина во редовите од Реал Мадрид, но другарството со дел од играчите сеуште го негуваат.
Пред почетокот на финалниот натпревар во Лигата на Шампиони меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, Вејн Руни преку својот официјален профил на „Твитер“ му посака среќа на Роналдо.
Четири дена по освојувањето на титулата втора за Роналдо, десетта за Реал Мадрид португалскиот репрезентативец му заблогадари на Руни за поддршката пред финалето.
Руни и Роналдо заедно го одведоа Манчестер Јунајтед до титулата во Лигата на Шампиони 2009 година, а доминираа и во Премиер лигата освојувајќи пет титули.
Мх.П.