Времето ќе биде сончево, студено и ветровито. Минималната температура во Охрид ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 8 степени.

Во северните делови од земјава ќе има мала до умерена облачност. Вдолж Повардарието ќе дува повремено засилен северозападен до северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во недела и понеделник ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини, а во вторник се очекуваат локални врнежи од снег, само понекаде на пониските места повремено од дожд.

 

OhridNews