Врховниот суд ја потврдил петгодишната затворска казна за лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски за злоупотреба на службената положба и незаконско финансирање на изборната кампања, пренесува „Макфакс“.

Бошкоски е обвинет и за убиството на на Марјан Тушевски и Киро Јанев коешто се случи во 2001 година. Бошкоски како тогашен министер за внатрешни работи се товари дека помогнал во ликвидацијата на Тушевски и Јанев. Засега нема официјална потврда за одлуката на Врховниот суд.
OhridNews
извор: „Макфакс“












