Врховниот суд на Индија, вчера, донесе одлука со која се продолжува забраната за патување во странство на бизнисменот Субрата Рој, се додека неговата компанија „Сахара“ не ги достават потребните информации што ги бара пазарниот регулатор – СЕБИ околу враќањето на парите на стотина милиони мали инвеститори, јавува „Утрински весник“.

Субрата Рој побара дозвола да патува во странство поради бизнис зделки и заради проверка на неговите имоти во Лондон и во Њујорк.

„Ние ќе дозволиме Субрата Рој да патува во странство дури откако ’Сахара груп‘ ќе ги достави сите информации што ги бара СЕБИ“, се вели во оопштението на Врховниот суд, кое го пренесуваат индиските медиуми.

„Сахара груп“ треба да им врати околу 4 милијарди долари на малите инвеститори, но компанијата на Субрата Рој тоа не го направи, обидувајќи се низ судските тужби и жалби да го одложи извршувањето на одлуката на регулаторот СЕБИ.

OhridNews
извор:„Утрински весник“