Врие во кампот на Милан, Ибрахимовиќ и Онијеву си размениле удари
06.11.10 13:07
Висок е притисокот во кампот на росонерите, Миланело, каде на вчерашниот отворен тренинг за гледачите, за време на играта десет на десет, се пресметале напаѓачот Златан Ибрахимовиќ и бранителот Огучи Онијеву.
Швеѓанецот ни малку нежно стартувал врз американецот кој по стартот го возвратил ударот и го нападнал Ибрахимовиќ. Рапсправијата не ескалирала благодарение на реакцијата на тренерот Масимилијано Алегри, кој го прекинал тренингот и ги повикал двајцата фудбалери на разговор во неговиот кабинет.
Потпретседателот на Милан, Адријано Галијани, излезе во јавност со смирувачка изјава, објаснувајќи дека ваквите работи често се случуваат, и воопшто нема да ја наруши атмосферата кај миланезите.
Корпулентниот Американец Онијеву, во Милан дојде пред две години, но поради повредата на коленото заработена на квалфикацискиот меч САД – Костарика, оттогаш настапи само еднаш во “црвено-црниот“ дрес и тоа против Цирих во Лигата на шампиони.
Милан во викенд колото утре му гостува на последнопласираниот Бари.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...