Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

На некои повисоки места во западните делови од државата има остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат. Врнежи од снег во раните утринските часови се бележат на Попова Шапка, Страцин, планинскиот премин Стража и во Маврово.

Намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри има на планинскиот премин Стража.

OhridNews