Врнежи од снег утринава има на планинските превои Плетвар и Буково, а со помал интензитет и на Попова Шапка, Маврово и Агино-Миладиновци. Врнежи од снег има и во Прилеп, Железнец, Неготино, Демир Капија, Удово и Крушево.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека oд 06:45 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, утринава нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

OhridNews