Според најновите информации од Авто-мото сојузот на Македонија добиени во 10 часот утрово, сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани по претежно влажни коловози.

фото: архива

Врнежи од снег со променлив интензитет има во Страцин, Гостивар, Маврово, Буково, Павлешенци, Делчево, Крива Паланка, Стража и Кичево.

На планинските превои Стража, Буково, Кичево и на Попова Шапка наместа има остатоци од кашест снег по интервенцијата на дежурните служби од ЈП Македонија пат.

OhridNews