Според најновите информации добиени од Авто- мото сојузот на Македонија , сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по влажни коловози поради врнежи од дожд во поголемиот дел од земјата.

Врнежи од снег утринава има на планинските премини Стража и Пресека, но сообраќајот се одвива без пречки.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка има појава на магла која ја намалува видливоста до 50 метри. Во 08:30 часот е укината забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. По клисурите и засеците можна е почеста појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Кочани-Делчево и Берово-Виница кои можат да го попречат движењето на возачите.

OhridNews