Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а сите патни правци во државата се проодни, информираат од ЈП „Македонијапат“.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово, во Крушево и на планинските превои Стража, Пресека и Буково. На планинскиот превој Ѓавато врнежите се од дожд и снег – (лапавица), посочуваат.
Додаваат дека од 07.40 часот поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за камиони и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“, велат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Н.С.Ј.
фото. А. Момироска

















