Времето денеска ќе биде облачно и студено, со врнежи од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во претпладневните часови, особено во јужните делови. Насекаде ќе се формира дополнителна снежна покривка. Максималната температура во Охрид ќе се движи околу нулата.

Локални врнежи од снег ќе има и во вторник претежно во западните делови а краткотраен снег е можен и во ноќта кон среда. До четврток температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Најстудено ќе биде во среда и четврток преку ноќта, кога утринската температура на места ќе се спушти и под -10 степени, информира УХМР Македонија.

OhridNews