Снегот кој континуирано паѓа во изминатото деноноќие непрекинато создава нова снежна покривка.
Службите од јавното претпријатие „Охридски комуналец“ се максимално ангажирани и во повеќе наврати се расчистуваат сообраќајниците и тротоарите како би се обезбедиле услови за проодност и движење на возилата и пешаците.
- Се работеше цела ноќ, а од рано утринава повторно се расчистуваат чаршијата, тротоарите и се обезбедува пристап до објектите од витално значење и нормално функционирање на градот, велт од јавното претпријатие.













