Под влијание на влажна и постудена воздушна маса за време на викендот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег.
Во западните и југозападните делови ќе има врнежи од снег и на пониските места. Пообилни врнежи ќе има во јужните и западните делови, особено в сабота. Вкупната количина на наврнат воден талог во овие делови се очекува да биде повеќе од 30л/м2. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините во западните и јужните делови позначително ќе се зголеми.
Вo недела попладне врнежите ќе престануваат, а в понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, информира УХМР Македонија.
OhridNews












