Денеска (петок) ќе преовладува претежно облачно и свежо време, на западот и југот со повремен локален дожд, а во североисточните делови ќе има сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, особено на североисток. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 14 степени Целзиусови.

Во сабота се уште на повеќе места ќе има зголемена облачност, но ќе биде суво. Потоа ќе биде посончево и малку потопло преку денот, но со пониски утрински температури. Нов влажен бран се очекува од средината на наредната работна седмица, информира Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

OhridNews