Вршителот на должност директор на ОСУ „Св. Климент Охридски“, Никола Тренески, на прес-конференција што се оддржа претпладнево соопшти дека поднесува оставка на функцијата.

Уште од првиот момент на моето именување за в.д. директор на гимназијата наидов на целосна опструкција од страна на неколкумина професори кои изминатите години се еталблираа на позиции од кои ја контролираа работата на училиштето. Посебно, училишниот одбор и неговиот претседател.“ – изјави Тренески.

Тој го обвини одборот дека независно од локалната власт наметнува свои решенија за директорската позиција во училиштетот. Затоа според него, постојат мотиви кај поединци кои одработуваат некакви опозициски агенти.

Тренески изрази сомневање и за одредени нерегуларности при спроведување на јавни набавки, за што како што рече, интерес пројавиле истражните органи.

Одлуката доаѓа во моменти кога се води полемика помеѓу училишниот одбор и локалната самоуправа во врска со изборот на нов директор на гимназија.

OhridNews