Црвен крст Охрид почна со реализирање на врснички едукации во 2023 година со цел побрзо исполнување на минимум стандардите за информирање на населението.
Беа одржани 3 врснички едукации за превенција на болести од зависности во основните училишта “Св. Климент Охридски” и “Ванчо Николески” со учениците од седмо, осмо и деветто одделение. Околу 80 учесници се запознаа со тоа што значи зависност, зошто настанува, каков ефект имаат наркотиците врз организмот и како се спречува зависноста, велат од Црвен крст.
Врсничките едукации беа одржани во периодот од 7 до 10 февруари од страна на врсничкиот едукатор Борче Исакоски.
OhridNews













