Венера, Јупитер и Месечината синоќа околу 19:30 часот подготвија вистински небесен спектакл. Последната недела овие две планети можеа со голо око да се забележат како стојат во исправена линија над хоризонтот, а синоќа на таа небесна линија им се придружи и Месечината.
Астрономите тврдат дека не станува збор за никаква необична појава, но дека секако се работи за многу убава и посебна глетка што сепак не е возможно да се види секој ден.
OhridNews
извор:Макфакс“