– По тој повод во нашиот Универзитет беше инсталиран посебен софтвер за 3D Графика, со помош на кој студентите реализираат практична настава. Истовремено студентите активно се вклучија во практичната работа преку изработка на семинарски работи, со што се отвара простор за продолжување на соработката меѓу УИНТ и „Universite` Eury Val d`essonne, Institute – Telecom SubParis„ каде што како истражувач работи Проф. Д-р Благица Јованова, истакна ректорот на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, Данчо Давчев.
Инаку, проф. Д-р Благица Јованова има работено на повеќе од десет истражувачки проекти во областа на 3Д графичките истражувања и моментално е вклучена во ТОТЕМ проектот за креирање на мобилни игри во мешана реалност. Исто така член е на МПГ комитетот како француски делегат каде има објавено повеќе стандарди.