Од денеска до 5-ти октомври 2014 година Охрид ќе биде домаќин на „5-от Конгрес на Македонски Анестезиолози со меѓународно учество“. На овој научен собир што го организира Здржението за анестезиологија, реанимација и интензивна нега, ќе земат учество врвни македонски и странски анестезиолози.
Според најавите, на свеченото отварање на конгресот кое ќе се одржи вечерва во хотел „Метропол“, свое обраќање ќе имаат ректорот на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“, проф Велимир Стојковски, деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, д-р Никола Јанкуловски и градоначалникот на Охрид, д-р Никола Бакрачески.
Дел од темите кои ќе се обработуваат во рамки на конгресната програма се: „Хируршки третман на Абдоминална компартман синдром“, „Предизвици во ендоскопски процедури на дишните патишта и хирургија“, „Кардиоваскуларна хирургија-тековните концепти“, „Инвазивни процедури во одделот за интензивна нега“ и многу други анестезиолошки теми.
OhridNews