Според организаторите, колонијата е едно отворено ателје каде што уметниците можат да се дружат и да градат заедништво, далеку од дневната политика. Нејзина цел е да се зајакне регионалната соработка и да се покаже убавото лице на Балканот.
Во рамки на колонијата учествуваа уметниците: Анастас Костадини-Тасо од Албанија, Светлин Русев од Бугарија, Светлана Драгоевиќ од Црна Гора, Миодраг Д. Јелиќ од Србија, Еркан и Дениз Оздилек од Турција и Бернхард Холеман од Австрија и македонските сликари Данчо Ордев и Данчо Клчев, Петар Попчев, Павле Кузмановски, Горјан Ѓоргиев, Мирослав Масин, Стефан Хаџи Николов и Решат Амети. По завршувањето на колонијата ќе биде отпечатен каталог на англиски јазик, а делата ќе бидат претставени на изложба.
Одржувањето на оваа манифестациа која е во организација на Фондацијата за стратешки истражувања „Киро Глигоров“ и Асоцијацијата за култура ИКОН од Скопје беше поддржана и од Министерството за култура и од Амбасадата на Норвешка во Македонија.