Познати меѓународни и балкански експерти од максилофацијална хирургија ќе бидат дел од ,,Третиот балкански и меѓународен конгрес за максилофацијална хирургија’’, кој ќе се одржува во Охрид од 24 до 27 април 2014 година.

Според официјалната веб страница на Конгресот, своето присутво веќе го потврдиле звучни максилофацијални специјалисти од САД, Италија, Велика Британија, Шпанија, Турција, Германија, Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Албанија и Македонија.

Темата на овој научен собир ќе биде ,,Зајакнување на врските помеѓу хирурзите “. Во рамки на тридневната конгресна агенда планирано е да се одржат бројни предавања за тековните концепти и новите техники од овa  хируршко поле. Исто така ќе бидат организирани и научни сесии посветени на постоперативниот третман, а планирани се и предавања за новите медицински техники во имплантологијата и естетската хирургија.

OhridNews