Од 15 – 24 август, во Охрид, во организација на  Универзитетот „Евро-Балкан“ ,а со поддршка на министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство, ќе се одржи традиционалната летна школа насловена „Разбирајќи ја Византија на Балканот: Каде што Истокот се среќавал / одделувал од Западот“.

Школата ќе се одржи во рамките на академската програма на Св. Климентовиот универзитет, којшто веќе трета година се организира како составен дел од Охридскиот летен универзитет. На летната школа ќе предаваат врвни светски познати професори, кои во моментот претставуваат врв во светската византологија и медиевалистиката: Џонатан Шепард од Универзитетот во Кембриџ, Едрју Роач од Универзитетот во Глазов, како и проф. Флорин Курта од Универзитетот во Флорида, кој во моментот се смета за еден од врвните познавачи на византологијата и на средновековниот Балкан, добитник е на награда за книгата „Создавањето на Словените“ којашто предизвика своевидна револуција во научната јавност во однос на третманот на прашањето за словенската етногенеза и населувањето на Словените.

Во рамките на Охридскиот летен универзитет, по вторпат ќе се одржи и Летниот институт за сексуалности, култури и политика, како перманентен проект инициран од Универзитетот Евро-Балкан, а организиран во соработка со Факултетот за медиуми и куминикации -СИНГИДУНУМ, Белград.

OhridNews