Врвни психијатри од Македонија и од неколку странски земји ќе бидат дел од „I-Македонска конференција за детска и адолесцентна психијатрија со меѓународно учество“ што ќе се одржува во Охрид од 16-ти до 18-ти октомври 2014 година. Главната тема на овој научен собир ќе биде „Развојна психопатологија: предизвици и можности“.
Според информациите кои се објавени на веб страницата на „Психијатриското здружение на Македонија“, во организациониот одбор на конференцијата се проф. д-р Антони Новотни, доц. д-р Димитар Боневски, проф. д-р Марија Ралева, доц. д-р Ненси Манушева, д-р Насер Дурмиши, д-р Александар Ристевски, м-р Александра Цонева, м-р Андромахи Наумовска и други.
Поканети предавачи на конференцијата се проф. д-р. Ѓузепе Киаренца од Италија, проф. д-р Вероника Ишпановиќ од Србија, проф. д-р Гокхан Орал од Турција, акад. Нада Поп-Јорданова од Македонија, прим. д-р Војислав Ќурчиќ од Србија и доц. д-р Милица Пејовиќ Милованчевиќ од Србија.
OhridNews