Конференцијата свечено ќе биде отворена утре, во 10 часот, во спортската сала „Атина бојаџи“. На неа се очекува да присуствуваат над 1000 ученици, професори, директори од околу 430 европски училишта.
Знамето на АЕХТ за организација на 25-тата Годишна конференција го носи угостителското училиште „Лазар Танев“ од Скопје, но значајно место во организирањето и логистиката на настанот има и Охридското угостителско училиште ,,Ванчо Питошески”.
Kонфернција на АЕХТ минатата година се одржа во Хаг, Холандија. Инаку АЕХТ е Европската асоцијација на хотелско-туристички училишта во која членуваат угостителски училишта, виши и високи школи за угостителство од 44 Европски земји. Асоцијацијата била создадено во 1988 година на иницијатива на угостителските експерти Жан-Пол Бернар и Мартин Брудер.