По повод големиот Христијански празник летен Св.Клиимент Охридски –патронот на Охрид, во организација на Младинскиот Културен Центар-Охрид а во соработка со Европската асоцијација на фестивали  ќе се одржи вториот Меѓународен хорски фестивал насловен „Тебе Поем-Св.Климент Охридски“.

     
На 08.08.2013(четврток) од 21ч. во чест на Св.Климент, со хорски песни низ улиците на Охрид и на разни локации,ќе се претстават хоровите учесници на фестивалот, со што и ќе го најават отварањето на фестивалот.
     
Прославата по повод празникот како и официјалниот дел на фестивалот продолжува на 09.08.2013г.(петок), кога во Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе се претстават хоровите.
 
На фестивалот учествуваат хорови од Русија, Романија, Полска, Турција и други.

Почетокот на концертите е од 21ч, а влезот  е слободен.

OhridNews