На собирот учество ќе земат педесетина делегати од сите балкански држави каде што живеат Египќаните. На дводневниот конгрес треба да бидат усвоени измените на статутот на Сојузот на Египќаните и ќе биде извршен избор на ново раководство и генерален секретар.
Делегатите треба да ја усвојат и долгорочната стратегија за развојот на Сојузот на балканските Египќани и насоки за зголемување на економската соработка помеѓу балканските Египќани.
На конгресот ќе биде разгледана состојбата со правата на оваа етничка заедница, која како што велат организаторите, е различна во земјите на Балканот.