Во 19 часот затворени се сите избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат во вториот круг од oсмите локални избори, за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари каде се прегласуваше за советници.
Во регионот втор круг локални избори за градоначалник се одржаа во општините Струга и Дебрца.
До 17 часот излезеноста во Скопје беше 28,52 проценти, а во сите општини низ државава каде што се гласа во вториот круг од локалните избори процентот на избирачи што излегле на гласање е 39,28. Прагот на излезнопст за изборите да бидат успешни е 33,33 проценти.
Вториот круг од локалните избори 2025 помина во мирна, фер и демократска атмосфера на територија на целата држава, соопшти МВР. Регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од пријавите, изјави портпаролот на МВР Гоце Андреевски.
Г.М.












