Во земјава денеска се одржува вториот круг од Локалните избори 2025. Ќе се избираат градоначалници во 32 општини,  меѓу кои и во Струга и Дебрца и во Градот Скопје, а за советници ќе се прегласува на три избирачки места во Шуто Оризари. Нема да се гласа за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово, и таму постапката ќе се повтори во рок од 60 дена по завршување на Локалните избори.

Сите избирачки места во општина Струга се отворени навреме, точно во 7 часот, информира Општинската изборна комисија – ОИК.

Сите  22 избирачки места навреме се отворени и во Општина Дебрца каде право на глас имаат 3.937 лица.

За вториот круг на локалните избори акредитирани се 1622 набљудувачи од кои 957 домашни и 651 меѓународни и 14 странски новинари, соопшти Државната изборна комисија.

Г.М.