Втор меморијално-хуманитарен планинарски марш Трајан Целески – Тачо, во чест на неговиот прерано згаснат живот, ќе биде одржан во недела.

Деновиве се навршуваат две тажни години од прераното заминување на нашиот другар Тачо. Неговата борба за живот беше симбол за истрајност вољја и мотив, додека нашата желба да помогнеме беше пример за солидарност и хуманост. Меморијално-хуманитарен марш ќе започне во близина на неговиот дом т.е. на спортското игралиште „Стобекс“ н. Видобишта – Манастир Свети Никола, Велгошти и назад, велат организаторите.

Времето на тргнување е  9:30 часот, а патеката е умерена и е во должина од 10 км во двата правци.

Водич на турата ќе биде Дејан Ангелоски, апсолутен шампион во планинско трчање кај нас и повеќекратен победник на меѓународни трки во скајранинг. Ве молиме со Вас понесете вода, храна како и топла облека. Малолетните лица треба да се во придружба на возрасни. Секој учесник учествува на сопствена одговорност. Доброволни прилози ќе може да се остават во хуманитарни кутии на ОО „Црвен Крст“ од Охрид, додаваат организаторите.

OhridNews