Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс ја одби втората понуда на Челси за купување на Вејн Руни.

Иако англинскиот репрезентативец уште еднаш го искажа своето незадоволство од престојот на „Олд Трафорд“ сепак од Јунајтед остануваат на ставот дека Руни не е за продажба.

Жозе Мурињо најави дека со ангажман на Руни во Челси ќе го затвори летниот преоден рок и ќе се фокусира на Премиер лигата и Лигата на Шампиони.

Мх.П.