Претседателот на советот на општина Дебрца за денеска, 28-ми јули, во 12 часот, закажа координација на советничките групи за да се овозможи продолжение на прекинатата седница на која се разговараше околу иницијативата за референдум и декларацијата во врска со изградбата на регионална депонија во близина на селото Годивје.

– Координацијата ја свикувам со цел да изградиме заеднички став околу студијата за регионална депонија на подрачјето на нашата општина. Да донесеме одлука дека не сакаме регионална депонија во Дебрца. – рече претседателот на советот Даниел Огненоски. 

Инаку во вторникот советот на општина Дебрца требаше да одржи седница на оваа тема, но по расправијата и меѓусебните обвинувања на советниците кои не можеа да се договорат околу редоследот на точките на дневниот ред, истата беше прекината.

OhridNews