Втор пат Ј.П. „Билјанини Извори“ ја собира кошаркарската елита во Охрид
22.01.14 08:15
Втор пат спортската арена „Билјанини Извори“ ќе биде домаќин на завршницата од кошаркарскиот Куп на Македонија. Пред пет години Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ заедно со кошаркарскиот клуб АМАК СП успешно го организираа, а тогаш победи охридскиот кошаркарски состав.
– ЈП Билјанини Извори после официјалната одлука на Кошаркарската Федерација на Македонија со особено задоволство ги информира граѓаните на Охрид дека овогодинешниот Куп на Македонија во кошарка ќе се одржи од 6 до 9 февруари во спортската арена Билјанини Извори. Со одлуката на КФМ спортската арена Билјанини Извори и ЈП Билјанини извори го продолжуваат котинуитетот на домаќини на големи спортски настани. Кошаркарскиот Куп е уште едно признание за менаџментот на претпријатието, се со цел СРЦ Билјанини Извори и градот Охрид да постанат македонски центар на сите големи спортски настани. Одличната соработка со кошаркарската федерација, веруваме во иднина и со другите поголеми федерации, ќе допринесат за што побрз развој на спортот во нашиот град на задоволство на сите нас. Спортот, спортските настани, спортските идоли се сегашност и иднината на Охрид и ние како претпријатие секогаш ќе работиме во интерес на тоа, во интерес на спортистите и сите граѓани на Охрид – стои во соопштението од Ј.П. „Билјанини Извори“.
Свежа соработка на КФМ и Ј.П. „Билјанини Извори“ е носењето на кошаркарската клиника во Охрид каде гостин беше најпознатиот европски тренер Жељко Обрадовиќ.
Завршницата од кошаркарскиот куп на Македонија е од 6 до 9 февруари, а титулата ќе ја брани МЗТ Скопје.
Кошаркарите на Охрид загубија на отворањето на плеј-оф фазата во Првата лига Попладнево во салата “Билјанини извори” ГКК Охрид загуби од КК Соколи Штип 55:75 Првото полувреме донесе изр...
Пред ГРК Охрид е згуснат распоред на натпревари во февруари Освен обврските во домашното првенство, „гладијаторите“ ги очекува и двомечот од 1/8 финалето од ЕХФ Европскиот Куп со Дукла Pрага Серија...
Во 1 кошаркарска лига на Македонија викендов почнуваат натпреварите од плеј-офот кои ќе ги дадат патниците во Супер лигата Во првото коло ГКК Охрид денеска во салата „Билјанини извори“, ја пречекув...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.