Домаќинот Слов – Матик и португалскиот Спортинг обезбедија пласман во главната рунда во Уефа Футсал купот, откако и во второта рунда остварија победи над своите противници.


Македонскиот футсал шампион, екипата на Железарец, го претрпе вториот пораз на турнирот во Братислава, овај пат од Слов – Матик со 4-1. Во вториот натпревар во групата Спортинг го победи претставникот на Словенија Кобарид со 2:1.

Во последното коло, во четврток Железарец за престиж ќе игра против Кобарид.

Ohrid News