Понеделник и вторник, 4 и 5 септември, на Универзитетот за информатичка наука и технологија „Св.Апостол Павле“ ќе се врши прием на студенти во вториот уписен рок.
Слободни места има на факултетите за Информатички системи, визуелизација, мултимедијална и анимациска техника; Компјутерски мрежи и безбедност; Машинска интелигенција и роботика; Дигитална бизнис информатика и Е-Влада, Е-Бизнис, Е-Култура. Можност за студирање има на четиригодишни и тригодишни студии.
Повеќе информации за уписите и понудените факултетски програми можат да се најдат на интернет страната на универзитетот.
OhridNews












