Денеска е вториот уписен рок во јавните средни училишта низ земјава, а место има за 20 089 осмоодделенци.
Министерството за образование и наука соопшти дека за вториот уписен рок има 13.347 слободни места за настава на македонски јазик, 5.969 за настава на албански јазик, 739 слободни места за настава на турски јазик и 34 слободни места на српски јазик.
Согласно струката, во гимназиите има 5. 127 слободни места, а во стручното образование за осмоодделенците се достапни 14.818 слободни места. Во уметничко образование има 107 слободни места од кои 69 за ученици на македонски наставен јазик и 38 за ученици на албански наставен јазик. За настава на македонски јазик во спортската гимназија има 37 слободни места.
OhridNews