Центар за култура „Григор Прличев“

Од 03.12.2021 - 20:00

Втората епизода од седмата сезона од театарската импровизација „Импровокација“ ќе се одигра на 3 декември во петок со почеток во 20:00 часот.

„Импровокаторите“ ќе настапат на малата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“.

Шоуто претставува уникатна форма на театар, каде преку еден неформален и забавен начин се креира театарската игра со цел да се доближи театарот што повеќе до пошироката публика. Покрај уникатната форма на изведба, карактеристично за шоуто е што секогаш е различно.

Картите се веќе пуштени во продажба, а настанот ќе се одвива според протоколите за заштита од Ковид-19.

OhridNews