Коронавирусот наметна нова реалност, во која, заштитата на здравјето на луѓето е на прво место. Поради актуелната здравствена ситуација, српската заедница во Охрид големиот верски празник „Св. Сава“, втора година по ред нема да го одбележи со традиционална заедничка прослава на 27 јануари.
И годинава, празникот Св. Сава ќе биде одбележан само духовно со богослужба што ќе се одржи утре во црквата Св. Никола во долна Влашка маала со почеток од 12 часот, информираат од Здружението на Србите од Охрид „Коштана“.
И оваа година ќе изостане заедничката прослава на православниот празник Св. Сава. Се надеваме дека идната година сите живи и здрави повторно ќе се собереме и ќе ја продолжиме оваа убава традиција во Охрид. – вели претседателот на Здружението на Србите од Охрид Среќко Стојановиќ.
OhridNews












