Хотел „Сити Палас“ Охрид

Од 29.09.2020 - 20:00 до 29.09.2020 - 16:00

Интернационалното здружение за смоционална интелигенција во соработка со Универзитетот од Ново Место, Р. Словенија, на 29 септември во Охрид организира Втора интернационална обука/вебинар за емоционална интелигенција, чија тема ќе биде женското лидерство.

Вебинарот ќе опфати теми кои фрлаат нова светлина на влијанието на емоционалната интелигенција врз работната способност и деловниот успех на работните луѓе, вели проф. д-р Љупчо Кеверески – Национален координатор на Интернационалното здружение за Емоциоенална интелигенција, Њујорк САД.

Се почесто кај секој од нас се поставува прашањето за влијанието на фактори кои доведуваат до успех на работното место. Повеќе од 25 години опсежните истражувања на темата за ефикасноста во работењето донекаде дадоа појасни објаснувања околу влијанието на поимите интелигенција, способностите и личноста врз професионалниот успех. Стручњаците (психолози, менаџери за човечките потенцијали) мораат да пронајдат начини за зајакнување и развој на оние таленти кои се идентифицирании означени како ,,soft skills”, односно компоненти на емоционалната интелигенција. Некои од способностите на емоционалната интелигенција кои вклучуваат: самосвест и контрола на емоциите, емпатијата, социјалната интелигенција, харизмата (лично влијание), силна визија и груги имаат пресудно значење за личната и професионалната ефикасност и хармонија . – вели проф. Кеверески.

Предавачи на еднодневната обука во Охрид која ќе се одржи со физичко присуство и онлајн, ќе бидат: проф. д-р Љупчо Кеверески – Национален координатор на Интернационалното здружение за емоциоенална интелигенција, Њујорк САД, Милан Јазбец, Амбасадор на Република Словенија во земјава, проф. д-р Јасмина Старц – Проректор на  Универзитетот Ново Место, Р. Словенија и проф. д-р Константин Петковски, Хајделберг Институт, Скопје.

На настанот ќе учествуваат успешни менаџери жени во локални, национални и интернаципонални компании, а  учесниците ќе ги поздрави проф. д-р Џон Пелитери, Претседател на Интернационалното здружение за емоционална интелигенција, Њујорк САД.

Минатиот месец во Охрид беше одржано основачко собрание на Интернационалниот центар за емоционална интелигенција (ИЦЕИ-Охрид), кој ќе е занимава со афирмација на проблематиката на емоционалната интелигенција која има значаен придонес во зачувувањето и унапредувањето на менталното здравје на младите и возрасните.

OhridNews