Во престижната „GalleryMC“, деновиве се отвори изложбата на охридскиот фотограф Зоран Велјаноски Летра со наслов „Ohrid:Light in the Darkness“. На отворањето присуствуваа љубители на фотографијата и претставници на медиуми, како и пријатели на Летра од Македонија, културната елита во Њујорк, Дуке Бојаџиев, Владимир Четкар, Горазд Поповски, како и македонскиот конзул во САД Ѕвонко Муцунски.
Горазд Поповски, Дуке Бојаџиев и Летра
Летра во друштво на македонскиот конзул во САД
Ова е втора изложба на Летра во Њујорк. Пред 4 години негови дела беа претставени во Купер центарот за уметност и наука на Менхетен.
OhridNews