Екипата на Охрид Лихнидос во 27 коло го совлада Кожуф на „Билјанини извори“ минимално со 1:0. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Давид Карамачоски.

Со оваа победа Охрид се зацврсти на 5-та позиција на табелата со 42 бода.

Во следното коло кое на програмата е на 6 мај, Охрид и гостува на шестопласираната екипа на Детонит Плачковица.

Г.М.