По убедливиот триумф над Влазеними со 4-0 како гостин, 11 Октомври го завезеде првото место на вторлигашката табела. По 13 одиграни рунди прилепчани имаат 28 бода со биланс од осум победи, четири ремија и еден пораз, и гол разлика 20-4 .


Шанса да го презимат врвот имаат Тиквеш и Охрид кои утре ги играат своите натпревари. Тиквеш во дербито на југот му гостува на Миравци, додека Охрид го очекува градското дерби со Охрид Лоте.

М.П.