Екипата на Струга Трим Лум освои само бод на домашен терен против тимот на Локомотива ремизирајќи 1-1 во петтото коло во Втората македонска фудбалска лига.

Мрежите во Струга мируваа по првите 45 минути, а први до водство дојдоа домашните фудбалери во 55-та минута. Сепак, гостите најдоа начин и со погодок во продолжението успеа да се спасат од пораз и да извлечат бод.

Нов пораз во второлигашкото друштво запиша составот на Лабуништа, кој минимално изгуби (1-0) на гостувањето кај Зајаз.

Резултати:

Запад: Македонија ЃП – Гостивар 2-2, Струга Трим Лум – Локомотива 1-1, Тетекс – Новаци 4-2, Влазрими – Еуромилк 3-1, Зајаз – Лабуништа 1-0.

Табела: Гостивар 11 бода, Велазерими 10, Струга 9, Еуромилк 7, Локомотива 6, Тетекс 6, Зајази 5, Лабуништа 5, Новаци 4, Македонија ЃП 3.

Исток: Брегалница – Кожуф 3-1, Борец – Тиквеш 1-0, Хоризонт Турново – Беласица 0-2, Осогово – Каменица Саса 2-2, Победа Валандово – Плачковица 0-2

Табела: Беласица 15 бода, Брегалница 11, Борец 9, Тиквеш 9, Плачковица 9, Кожуф 7, Осогово 7, Победа Валандово 2, Каменица Саса 1, Хоризонт Турново 0.

OhridNews