Екипата на Пелистер освои само бод на мечот со Македонија Ѓорче Петров ремизирајќи (1-1) во дербито во Втората лига.


„Зелено белите“ со голот на Иве Трифуноски имаа позитива до 90-та минута од мечот кога Кристијан Стојкоски погоди за реми на „лавовите“.

Резултати: Пелистер – Македонија ЃП 1-1, Тетекс – Велазерими 1-2, Скопје – Кожуф 1-0, Еуромилк – Гостивар 0-0, Љубанци – Победа 0-1.

Табела: Тетекс 26, Скопје 26, Македонија ЃП 26, Велазерими 25, Љубанци 25, Победа 23, Пелистер 22, Еуромилк 21, Гостивар 20, Кожуф 10.

ОhridNews