Екипата на Струга Трим Лум ја забележа првата победа сезонава во Втората македонска фудбалска лига, откако славеше со минимални (1-0) на гостувањето во Кичево кај тимот на Влазрими.
Погодокот вреден три бода го постигна офанзивниот фудбалер Дејан Цветаноски длабоко во судиското продолжение. Покрај бодовите, важна е победата и враќањето на Нијаз Лена кој се повреди во подготвителниот период.
Во третата рунда избраниците на Александар Танчески ќе имаат промоција пред стружани, а противник ќе им биде тимот на Тетекс. Второто коло ќе се комплетира со мечот помеѓу Лабуништа и Кораб.
OhridNews