Фудбалерите на Струга Трим Лум го освоија целиот плен на гостувањето во Новаци совладувајќи ја истоимената екипа со минимални 1-0 во 4-та рунда од Втората фудбалска лига западен регион.

Победничкиот погодок стружани го постигнаа во 87-та минута. Стрелец беше еден од подобрите фудбалери во составот Алтин Лога.

Победа исто така во финишот обезбеди и лидерот на табелата Гостивар на дуелот со Тетекс (1-0).

Резултати:

Запад: Локомотива – Зајази 0-0, Гостивар – Тетекс 2-1, Лабуништа – Велазерими 1-1, Еуромилк ГЛ – Македонија ЃП 2-1, Новаци – Струга Трим Лум 0-1.

Табела: Гостивар 10 бода, Струга Трим Лум 8, Велазерими 7, Еуромилк ГЛ 7, Локомотива 5, Тетекс 4, Новаци 4, Лабуништа 3, Македонија ЃП 2, Зајази 2 бода.

Исток: Каменица Саса – Брегалница 0-5, Тиквеш – Победа Валандово 1-0, Кожуф – Борец 0-0, Плачковица – Хоризонт Турново 3-2, Беласица – Осогово (19:30 ч.).

Табела: Беласица(-1) 9 бода, Тиквеш 9, Брегалница 8, Кожуф 7, Осогово(-1) 6, Борец 6, Плачковица 6, Победа 2, Каменица Саса 0, Хоризонт Турново 0.

OhridNews