Екипата на Гостивар е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига-запад. Гостиварчани на врвот се искачија со триумф 2-0 во дерби средбата со Скопје. Победата која ги лансираше на врвот фудбалерите на Гостивар ја обезбедија со по еден погодок во двете полувремиња.

Нов триумф во второлигашкото друштво забележа Велешта која со минимални 1-0 го совлада тимот на Дрита. Творец на победата беше Аљтин Лога во второто полувреме.

Победа на домашен терен извојуваа Кораб и Охрид, кои славеа над Кадино (2-0) односно Вардар Форино (1-0). Екипата на Велазерими извлече позитивен резултат победувајќи на гостувањето кај Тетекс со 1-2.

Резултати:

Кораб – Кадино 2-0

Охрид – Вардар Форино 1-0

Тетекс – Велазерими 1-2

Гостивар – Скопје 2-0

Велешта – Дрита 1-0

Табела: Гостивар 14, Скопје 13, Велешта 11, Кораб 10, Велазерими 10, Охрид 9, Кадино 6, Вардар Форино 5, Тетекс 3, Дрита 2

OhridNews

 

Втора МФЛ: Минимален, но значаен триумф на Охрид