Лидерот на табелата во Втората лига запад, Гостивар го положи оружјето во Струга претрпувајќи пораз од Лабуништа 2-0 во 17-та рунда од првенството.

Сензационалната победа на Лабуништа ја најави охриѓанецот Дејан Лескароски со водечкиот погодок во 32-та минута. Триумфот на домаќините го завери Игор Клечкароски десеттина минути пред последниот судиски свиреж.

Со трите бодови од дуелот со Гостивар екипата на Лабуништа активно се вклучи во борбата за првите позиции на табелата во Втората лига запад.

Резултати: Еуромилк – Локомотива 2-1, Лабуништа – Гостивар 2-0, Зајаз – Новаци 1-0, Велазерими – Струга Трим Лум 1-0, Македонија ЃП – Тетекс 5-1.

Табела: Велазерими 31, Гостивар 31, Македонија ЃП 29, Струга Трим Лум 27, Еуромилк 27, Лабуништа 26, Тетекс 20, Локомотива 19, Зајаз 15, Новаци 9.

OhridNews