Екипите на Струга Трим Лум и Лабуништа прокнижија нови три бодови на табелата во Втората македонска фудбалска лига запад победувајќи ги Скопје (1-0) односно Пелистер (2-1) во 7-та рунда од првенството.
Составот на Струга Трим Лум до целиот плен на гостувањето кај тимот на Скопје стигна благодарание на дефанзивецот Александар Василев кој во 13-та минута го постигна единствениот погодок на мечот.
Фудбалерите на Лабуништа во возбудлив меч пред своите гледачи го совладаа Пелистер со 2-1 и ја продолжија добрата серија во второлигашкото друштво. Ново ремек дело од слободен удар изведе Игор Клечкароски кој го отвори резултатот. Бојан Спиркоски го дуплираше водството, а почесен погодок за гостите до Битола постигна Благоја Наумоски.
Стружани се лидери на табелата со 17 бодови, додека Лабуништа со 15 поени ја дели втората позиција со тимот на Гостивар.
OhridNews